За појадок или како мезе, одлучете сами!
Изненадете го вашето семејство и подгответе го овој брз специјалитет за појадок.
Ќе ги воодушевите!
Состојки:
- 600 г лиснато тесто
- 1 жолчка од јајце
Фил:
- 24 парчиња шери домати
- 240 гр моцарела
- 6 лажички сушен босилек
- сол
Подготовка:
Развлечете го лиснатото тесто тенко и исечете го на 6 кругови. Обложете ги плитките калапи за мини тартови со тесто и премачкајте со жолчка од јајце. На секоја ставете 4 шери домати и 40 гр исцадена моцарела. Посипете го секое со 1 лажичка зачини и ставете во рерната, претходно загреана на 180 степени Целзиусови, да се пече околу 10-15 минути. Служете ги топли.