Sweet Home

Седум природни бои со кои секое велигденско јајце ќе биде посебно

Можете да ги декорирате велигденските јајца со природни бои.

Различни намирници можат да им дадат на вашите јајца посебни нијанси.

Постапката за природно боење на јајцата е иста за сите намирници:

Во тенџере измешајте еден литар вода со две лажици алкохолен оцет. Доведете ја течноста до вриење, ставете ги природните боила во тенџере, намалете ја температурата на минимум и оставете да врие околу половина час.

Процадете ја обоената вода и оставете ја да се излади, а потоа ставете ги ладните варени јајца во неа. Чувајте ги најмалку еден до два часа.

ЖОЛТИ ЈАЈЦА

Додадете 3 лажици куркума во водата и заштитете ги рацете со раквици, за овој жолт зачин да не остави дамки на вашите раце.

РОЗОВИ ЈАЈЦА

Додадете 500 грама свежо цвекло во вода. Не грижи се ако јајцата прво изгледаат темно кафеави. Откако ќе се исушат, ќе добиете нежна розова боја.

ПОРТОКАЛОВИ ЈАЈЦА

Додадете четири шолји лушпи од жолт кромид во садот за да добиете портокалови велигденските јајца.

ЗЕЛЕНИ ЈАЈЦА

Водата обојте ја во зелено со 500 грама листови од спанаќ. Можете да го измешате со друг зелен лиснат зеленчук како блитва, коприва и магдонос.

СИНИ ЈАЈЦА

Додадете 500 грама сецкана виолетова зелка во врелата вода. Потопувањето на јајцата во таа вода ќе им даде нежно сина боја. Ако сакате да добиете посилна боја, оставете ги јајцата потопени во бојата преку ноќ во фрижидер.

ВИОЛЕТОВИ ЈАЈЦА

За нив ќе ви бидат потребни четири шолји лушпи од виолетов кромид.

СИНО-СИВИ ЈАЈЦА

Згмечете 500 грама боровинки и зовријте ги во водата со оцет. Ќе добиете интересни велигденски јајца со посебна сино-сива нијанса.

Напиши коментар