Без разлика колку е мал, балконот може да биде совршено место за уживање во текот на летото.
Еве неколку идеи за тоа како да го направите омилен агол во станот …
Место за одмор, дружење, попладневно дремнување…
Без разлика дали живеете во стан или куќа, не занемарувајте ја вредноста на вашиот балкон или тераса и уредете го така што најдобро одговара на вашите потреби. Од првото утринско кафе, преку кратка пауза во текот на денот, до вечерно дружење со драги луѓе, ова „парче природа“ ќе ги задоволи сите ваши потреби, доколку вложите малку време и напор во опремувањето.
Не мора да трошите многу пари на мебел од балкон. Старите столици освежени со нежни нијанси, неколку перници и шарени килими, се идеални за разубавување на овој простор, особено ако е мал. Не заборавајте да зачините сè со цвеќиња и миризливи зачини, а за романтични вечери изберете весели фенери или украсни свеќи.
И за крај, потребна ви е само една добра книга и чаша од вашиот омилен пијалок и уживањето може да започне …
Во следните неколку примери, можете да видите како другите ги уредија своите балкони, а вие, се разбира, веќе најдобро знаете како треба да изгледа совршената летна оаза во вашиот стан …