И покрај сегашната глобална криза што нè зафати, не се сомневаме дека Њујорк бил и останува икона за стил и дизајн. Бројните згради низ Њујорк, кафулиња, ресторани и уметнички галерии создадоа уникатни стилови што ги инспирираа архитектите и дизајнерите ширум светот.
Њујорк е полн со елегантни кафулиња, но и оние во лежерна варијанта. Сепак, малку се оние кои комбинираат еклектичен стил на украсување со добредојде за вас и вашиот четвороножен миленик, како што е Борис и Хортон Кафе.
На влезот во овој прекрасно украсен простор, од вас не се очекува да го оставите вашиот најдобар пријател пред вратата, да ве гледа низ стаклото со тага во очите. Не, напротив, тој е повеќе од добредојден!
Студиото Лорла е одговорно за дизајнот на овој специфичен ентериер, и не е доволно да се каже дека се издвојува во мноштво слични, со својата автентичност.
Убав избор на бои и неонското осветлување носат свежина на овој инспиративен кафе бар. Првата работа што всушност ја забележувате кога ќе зачекорите во овој необичен простор е весела игра со бои како розовата и сина боја на sидовите, чија убавина се истакнува со неонски светла. Областа за седење е тапацирана со сини перничиња, кои во комбинација со прозорските рамки во истата нијанса создаваат хармонична околина.
Најголемата ѕидна површина во кафулето е изработена од тули, што е актуелен тренд во Њујорк, но истата е украсена на уникатен начин. Многу дневна светлина го исполнува целиот простор и ве тера вие и вашиот најдобар пријател да се чувствувате навистина пријатно во ова кафуле.
Ако некогаш се најдете во Њујорк, придружувани од вашиот пријател со четири нозе, знајте дека тие секогаш ќе бидат среќни да ве однесат во ова кафуле и бидете сигурни дека ќе понесете пријатни спомени со вас.