Миленичиња

Што се случува кога ќе дозволите милениците да спијат во вашата соба!

Многумина веруваат дека миленичињата немаат место во спалната соба, и дека ќе го расипат спиењето, но според ова истражување, тоа не е точно.

Ако имате проблеми со спиењето, можеби ќе сакате да размислите за домашно милениче и да дозволите да спие во вашата соба или на креветот.

Новото истражување спроведено во клиниката Мајо во Аризона покажува дека дозволувањето на миленичињата да спијат во иста просторија или на креветот има позитивен ефект врз сонот на луѓето.

Студијата опфати 40 возрасни лица без нарушувања на спиењето, како и нивните кучиња, и траеше пет месеци. Луѓето и кучињата редовно се следеа, односно нивните навики за спиење.

Откриено е дека луѓето кои спиеле во просторија заедно со миленичиња имаат подобар сон.

Научниците изјавуваат дека нема потреба домашните миленици да бидат под прекривката, доволно е тие да се наоѓаат во вашата соба или во подножјето на креветот.

Ако дозволите да бидат под прекривките, може да предизвикате спротивен ефект. Подоброто спиење е резултат на фактот дека присуството на домашни миленици во собата дава чувство на удобност и безбедност.

„Многу сопственици се одвоени од домашните миленици во текот на денот, па сакаат да го надоместат изгубеното време. Затоа, можете да им дозволите да спијат во иста просторија“, велат научниците.

Многумина веруваат дека миленичињата немаат место во спалната соба и дека ќе го расипат спиењето, но според ова истражување, тоа не е точно.

Напиши коментар