Подгответе сочна штрудла со џем.
Состојки
За тестото:
- 500 гр брашно (тип 500)
- 250 мл млеко
- 100 мл масло
- 2 јајца
- 1/2 коцка свеж квасец (25 g)
- 1/2 лажичка сол
- 5 лажички шеќер
Фил:
- џем (по избор)
За премачкување:
- 1 жолчка од јајца
- неколку капки масло
Подготовка
Измешајте го квасецот во 250 мл млако млеко и додадете лажица шеќер, а потоа оставете го да стаса околу 15 минути. Додадете го квасецот, јајцата, маслото, шеќерот и солта во брашното. Замесете мазно тесто.
Можете да го мешате и со помош на миксер.
Поделете го тестото на два дела(две долги парчиња), покријте го со крпа и оставете 45 минути да се дигне.
Растегнете ги парчињата тесто колку што е можно повеќе, а потоа премачкајте ја целата површина на тестото со џем.
Свиткајте ги во ролат и наредете на подмачкана тепсија.
Премачкајте ги ролните со жолчка од јајце и ставете неколку капки масло во неа.
Печете околу 45 минути на температура од 200 степени.
Испечената штрудла испрскајте ја со малку вода, покријте ја и оставете малку да се излади.
Посипете со шеќер во прав и сервирајте топло.