Скоро половина од луѓето кои страдаат од корона вирусот укажуваат дека имаат нови симптоми на болеста и чувствуваат нешто како им зуи во телото, пренесува Њујорк пост.
Искуствата со овој нов, непознат симптом, се повеќе се споделуваат на социјалните мрежи и се опишуваат како зуење, шушкање или нешто слично на тоа – па „fizzing“ стана уште еден од симптомите предизвикани од корона вирусот.
Лекарите за весникот изјавиле дека станува збор за посебна сензација – чувството што пациентите го имаат како телото да се бори со вирусот.
Една пациентка го опиша новиот симптом на Твитер како нешто што струи по нејзината кожа, додека друга рече дека нејзиниот партнер имал чувство дека неговата кожа гори, па затоа морале да го тријат со лосион после сончање. Користевме и крема за изгореници, додаде таа.
Другите симптоми со коишто е проследено ова смртоносно заболување, вклучуваат и треска, болка, останување без здив, замор, сува кашлица, дијареја, мозочен удар, а од друга страна, кај некои не предизвикуваат ни најмали симптоми.
Пријавени се и невролошки симптоми, како што се вртоглавица и главоболка, атаксија, што се опишува како недостаток на координација на движењето, како што се одење или кревање на предмети.
Атаксијата може да влијае и на говорот, движењата на очите и можноста за голтање.
Во светски рамки, 1,6 милиони луѓе се заразени, а 102.000 умреле.