Cafe Del Mar

„Скротувач на стомачето“: Пијалок со пет состојки за пролетно чистење на телото

Сонцето е добро за нас, часот се смени, деновите се подолги, а кратките прошетки во природа, кои се дозволени во тековната состојба, ни ги полнат батериите.

Покрај тоа, убавото и топло време ја збогатува желбата да јадеме овошје, зеленчук и поладна храна, кои се идеален избор кога сакаме освежување.

Особено одлични се смути пијалоците, кои покрај тоа што освежуваат, помагаат при губењето на тежината, добри се и за кожата, ги намалуваат проблемите со надуеност, ги снабдуваат клетките со хранливи материи и ни помагаат да го задржиме стомакот рамен.

Пијалоците што го чистат телото од штетни материи се особено пожелни во ова време кога остануваме дома поголемиот дел од времето, а почесто ѕиркаме во фрижидер и јадеме повеќе.

За еден таков пијалок, прочитајте го рецептот подолу.

Наречен е „скротувач на стомачето“ и до неговите состојки лесно се доаѓа, а вие можеби веќе ги имате во вашиот дом.

Главната состојка на пијалокот е ананас, кој е полн со витамин Ц и делува како природен диуретик кој го ослободува организмот од токсините.

За придобивките од лимонот се зборува многу често, но уште еднаш ќе повториме дека станува збор за цитрус кој е богат со минерали и витамини важни за здравјето.

И циметот и ѓумбирот се додатоци кои, меѓу другото, прават чуда за варењето.

Еве ги состојките за „скротувач на стомачето“:

1 чаша ананас – свеж или конзервиран

1/2 исцеден лимон

1 лажичка мелен ѓумбир

1 лажичка цимет

2 чаши вода

Подготовка:

Исецканиот ананас, заедно со други состојки, ставете го во блендер, добро измиксирајте и уживајте во освежителниот пијалок и во сите придобивки што ги носи со себе.

Напиши коментар