Cafe Del Mar

Сладолед торта со банани и бобинки: десерт што не дебелее – без шеќер и без брашно

Веганска торта во која можете да уживате без каење – кремаст десерт што ќе ве маѓепса!

Ако сакате да изедете нешто слатко, а во исто време, посно, здраво и веганско, тогаш оваа сладолед торта е совршен избор. Многу е лесно да се направи, а комбинацијата на вкусови потсетува на летни и егзотични вкусови. Покрај прекрасниот вкус, оваа торта исто така има мала количина на калории, така што можете да уживате во текот на вашата диета.

Рецепт за сладолед торта со банана и бобинки

Состојки:

Фил со банани:

  • 2 чаши индиски ореви
  • 2 банани
  • 1 чаша урми
  • 1/4 чаша стопено масло од кокос
  • 1/2 лажица екстракт од ванила бадемово млеко или кокосова вода, по потреба

Фил со бобинки:

  • 1 чаша замрзнати боровинки
  • 1 чаша замрзнати јагоди
  • 1 чаша бадемово млеко или кокосова вода, користете по потреба
  • 1 чаша урми
  • 1 чаша ореви

Подготовка:

Прв слој: Ставете ги преполовените јагоди околу работ на тепсија со округол облик. Измешајте ги сите состојки за првиот фил во блендер додека не добиете изедначена смеса. Ако сакате мешавината да биде помазна, додадете млеко и кокосова вода. Истурете го филот на дното на тепсијата и рамномерно распоредете го. Ставете ја тепсијата во замрзнувач.

Фил со бобинки: Сите состојки ставете ги во блендер, додадете малку бадемово млеко или кокосова вода, а потоа блендирајте додека не се изедначи смесата. Внимателно истурете го овој фил преку филот од бананаи и ставете го во замрзнувачот да отстои околу 2 или 3 часа.

Пред сервирање, оставете тортата да отстои неколку минути на собна температура за да омекне и украсете ја со ореви, јагоди и боровинки.

Напиши коментар