Слатко тесто што ќе ве воодушеви.
Малку волја и добар рецепт се доволни за вашата трпеза да биде поубава и повкусна од кога и да било!
Бонус е што овие гнезда се свежи и по неколку дена!
Состојки:
500 гр брашно
2 лажици топла вода
1 свеж квасец
130 гр суво грозје
1,5 дл рум
70 гр шеќер
100 гр крем сирење
1 дл топло млеко
1 јајце
прстофат сол
100 гр омекнат путер
Премачкување:
1 жолчка
бадеми исечени на ливчиња
Подготовка:
Додајте го млекото и една лажичка шеќер во искршениот квасец и оставете да надојде. Потопете го сувото грозје во румот и оставете го да отстои најмалку 2 часа.
Пресејте го брашното, направете дупка во средина, а потоа додајте го подготвениот квасец.
Во друг сад измешајте ги шеќерот, јајцето, сирењето, солта и млекото (околу половина количина, па доколку е потребно додадете го остатокот).
Додадете ја оваа мешавина на брашното, соединете ги и додадете го омекнатиот путер и сувото грозје. Месете го тестото се додека не се лепи за прстите, да биде меко и лесно.
Оставете го да се удвои.
Кога тестото ќе нарасне, измесете го и поделете го на две парчиња.
Развлечете го на долги ленти и исплетете.
Исечете на неколку еднакви делови што ќе ги обликувате во гнезда (обоеното јајце треба да го собере во средина).
Ставете ги во сад за печење обложен со хартија за печење, премачкајте со жолчка од јајце (може да се разреди со малку вода) и посипете со ливчиња од бадеми.
Оставете да отстои на топло околу 20 минути.
Печете во рерна загреана на 180 степени Целзиусови, околу половина час.
Ставете по едно убаво обоено јајце во изладените гнезда.