Ако барате начини да ги одржите ноктите во врвна форма, тогаш решението може да биде преслаткиот маникир сет во формата на вашиот омилен десерт.
Овој сет во форма на макарон е елегантен и корисен додаток на козметичката торба на многу вљубенички на убавите нокти.
Комплетот се состои од USB LED ламба за гел нокти, турпија, алатка за туркање и отстранување на кожата околу ноктот, десет марамчиња за отстранување на гел лакот и лакот за нокти.
Како што велат неговите креатори, овој сет е дизајниран за да се погрижи за себе, да ве направи среќни и да се чувствувате убаво секој ден од годината, а многу дами решиле да го испробаат сега кога салоните за убавина се затворени.
На страници како Амазон, комплетот се трошипродава за 34,99 фунти. LED ламбата, која можете да ја вклучите на вашиот компјутер, го суши лакот за нокти за само 30 секунди, а ако се плашите дека можеби не знаете како да го користите производот, деталните упатства се вклучени во пакетот.
Сетовите доаѓаат во 10 различни бои и жените кои ги пробаа се многу задоволни.
Овој сет го промени мојот живот на подобро. Ја сакам мојата мини LED ламба, особено кога мојот нокт е скршен па имам брзо решение при рака што го прави повторно да изгледа пристојно, се некои од коментарите.
Многу корисници исто така истакнаа дека користењето на сетот е лесно и брзо.
За крај, ќе додадеме дека сетот може да се користи и за педикир, што е дефинитивно уште еден плус за него.