Art & Crafts

Со овие совети, храната ќе биде свежа подолго време!

Поради вонредната состојба и пандемијата на вирусот корона, луѓето генерално се обидуваат да купат намирници за неколку дена кога одат во продавница.

Се надеваме дека сте солидарни и не купувате премногу, но сигурно колку и да се обидете да купите во разумни количини, може да се лучи некои од овие намирници да пропаднат.

За да им го продолжите малку траењето, важно е како ги чувате додека се свежи, а овие совети ќе ви помогнат во тоа.

Завиткајте ги бананите со фолија

Најдобар начин да го спречите омекнувањето и презревањето на бананите е да користите фолија за храна кога ќе ги купите. Ако сте купиле многу банани, постои опција да ги замрзнете и да ги користите подоцна за да направите смути.

Завиткајте го тврдото сирење во хартија за печење

Експертите советуваат да го извадите сирењето од пластичната амбалажа, бидејќи за тврдите сирења не е добро да останат без воздух.

Покрај тоа, пластичното пакување може да влијае на вкусот на сирењето, затоа е најдобро да го завиткате сирењето во хартија за печење, а потоа да го ставите во кеса за да го задржите вкусот подолго.

Ставете го зеленчукот во тегли

На пример, морковот и целерот исечете го на парчиња со соодветна големина и чувајте ги во тегли во фрижидер. Ова можете да го направите и со кој било друг зеленчук.

Една опција е да ставите вода во теглите, која ќе ја менувате на секои три дена, за да го задржите зеленчукот свеж уште подолго.

Измијте го овошјето со оцет

Измешајте шоља оцет со осум шољи вода и измијте го свежото овошје, натопете го овошјето во овој раствор, па ставете го на крпа за да се исуши.

Овошјето чувајте го во сад со капакот малку отворен, за да избегнете задржување на влагата внатре, од која што може да изгние.

Свртете ја павлаката и јогуртот наопаку

Со вртењето на пакувањата со јогурт и павлака со капакот надолу, ќе создадете вакуум што ќе го спречи растот на бактериите кои би можеле да ја уништат храната.

Чувајте свежи билки во маслиново масло

Ако сакате да користите билки во подготовка на храната, совет на Џејми Оливер е да ги исечете свежи, а потоа да ги ставите во калап за мраз со малку маслиново масло за да ги замрзнете.

На овој начин секогаш ќе ги имате при рака доколку посакате да го збогатите оброкот.

Напиши коментар