Слабеењето е процес во кој треба да се обрне внимание на голем број фактори.
Настрана физичката активност и контролираната диета која во никој случај не вклучува гладување, во овој процес можат да помогнат мали нутриционистички трикови.
Еден од нив е сокот од три моќни состојки, кој ефикасно го намалува гладот, го забрзува метаболизмот, обезбедува енергија и му помага на телото да го исфрли вишокот на маснотии.
Пијалокот со јаболков оцет и мед е стар сојузник во губење на тежината, а сега му се придружува и грејпфрутот, кој, меѓу другото, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и ефикасно ги разложува мастите.
Состојки:
– 1 чаша свеж сок од грејпфрут
– 2 лажички јаболков оцет
– 1 лажичка мед
Подготовка:
1. Измешајте сè добро додека состојките не се соединат целосно.
2. Пијте го сокот пред сите три големи оброци (појадок, ручек, вечера). 3. Повторете ја постапката секој ден 7 последователни дена, а потоа направете пауза од една недела и повторете ја постапката.
4. Ако не ја толерирате горчината на грејпфрутот, заменете го со свеж сок од портокал секој втор ден.