Колач, а уште и со пиво!
Потребни состојки
• 400 гр брашно
• 1 лажичка прашок за пециво
• 3 лажички шеќер
• 1 лажичка сол
• 350 мл пиво
• 150 гр сушени домати
• 6 – 7 парчиња маслинки
• 80 гр маргарин
• 1 лажичка суво оригано
• 2 лажици семки од тиква
Подготовка
1. Измешајте го брашното со прашокот за пециво во сад. Додадете шеќер и сол. Измешајте сè. Потоа, додавајте го пивото постепено со постојано мешање.
2. Мешајте додека не се изедначи смесата, а потоа додадете ги ситно исецканите сушени домати и маслинки (претходно исчистени). На крај додадете суво оригано.
3. Ставете хартија за печење во правоаголен и длабок калап. Стпете го маргаринот и поделете го на два дела.
4. Со една половина намачкајте ги sидовите на калапот.
5. Потоа ставете ја смесата во калапот и истурете ја другата половина од стопениот мргарин врз неа. Посипете со излупени семки од тиква одозгора.
6. Печете го колачот во загреана рерна на 180 степени.