Sweet Home

Сонуваме џекпот: Ѕирнете во куќата на Сандра Булок со поглед на песочна плажа

Сандра Булок ги продава своите две куќи на крајбрежјето.

Повеќето од нас можат само да сонуваат за вили како на холивудските sвезди, но животот е непредвидлив, па којзнае, еден ден можеби ќе се разбудиме во king-size кревет во куќа со седум спални соби, со поглед на песочна плажа …

Познатата актерка Сандра Булок има токму ваков имот и одлучи да го продаде.

Сандра Булок го купи имотот со две куќи во 2001 година за 4,5 милиони долари и сега го продава за 6,5 милиони долари. Прекрасната градба се наоѓа на островот Tybee, мал град во близина на Савана во американската држава Џорџија, позната по широките песочни плажи.

Сандра Булок ги уреди нејзините две куќи на брегот во многу пријатен, релаксирачки стил на светли бои и со изобилство на природни материјали. Па куќите на Сандра Булок имаат поглед на песочна плажа и океан, што ги прави уште попримамливи кај купувачите.

Куќите се наоѓаат на површина од 11.129 квадратни метри, а имотот вклучува дел од плажата долга 60 метри.

Поголемата резиденција има нешто повеќе од 300, а помалата 264 квадратни метри. Вкупно, во двете куќи има седум спални соби и пет купатила. Внатрешноста на куќите е украсена во многу пријатен, релаксирачки стил на светли бои и со изобилство на природни материјали.

Во една спална соба околу креветот има завеси во облик на крошна кои овозможуваат поголема приватност и уште поудобен сон.

На прв поглед ве мами големата тераса со плетени фотелји, софи и лежалки. А тек да го видите тиркизниот базен сместен пред една од куќите …

Можеби немаме 6,5 милиони долари, но секогаш можеме да фантазираме или играме лотарија и да се надеваме дека ќе имаме среќа.

Напиши коментар