Дестинации

СОВРШЕН ОДМОР НА РАЈСКИОТ ОСТРОВ КОКОМО

Овој остров штотуку помина низ процес на реновирање вреден 100 милиони долари, а кога патувањето ќе биде дозволено, ќе можете да го имате само за себе…

Одморот на островот Кокомо звучи како совршена прослава на крајот на пандемијата. Сепак, оваа тропска нирвана, сместена во недопрените води на Фиџи, сега ни се чини само како сон.

Проектот на австралискиот тајкун за недвижнини, Ленг Вокер, Kokomo Private Island е луксузно одморалиште вредно 100 милиони долари, со кое се слави прекрасната природна околина, нудејќи ненадминлива услуга од пет везди и целосна приватност.

Наменето пред се за бестрашните авантуристи и морнари, ова одморалиште може да смести јахти со должина до 197 стапки и нуди низа пакети за да одговараат на различни типови гости.

Посетителите можат да изберат вили на плажа или резиденции на врвот на ридот со неверојатен поглед на недопрениот пејзаж и океанот.

Ако тоа не е доволно ексклузивно за вас, Кокомо е исто така достапен за изнајмување по цена од 150.000 американски долари за ноќ.

Вкупно 140 гости можат да престојуваат на тој начин, а ако сакате, можете да го изнајмите само за себе и за вашата сакана личност, за да добиете целосен ВИП пристап до пет луксузни резиденции и 21 вила на плажа.

Што се однесува до активностите, Ленг, кој е посветен конзерваторист и застапник за животна средина, се погрижил на гостите да им се даде можност да го истражат секоја сантиметар од чистиот остров.

Замислете нуркање со ајкули, планинарење до водопад, пливање со ражи, спортски риболов и излети на изгрејсонце. Опкружен со Големиот гребен Astrolabe, кој е полн со морски живот, Кокомо ги нуди некои од најдобрите локации за нуркање во светот.

Се разбира, ако овие активности ви звучат премногу напорни, можете да се опуштите и да ја испробате најдобрата фиџиска кујна во еден од трите ресторани или за време на приватно искуство.

Ве советуваме да ја разгледате нашата галерија и веднаш да започнете да штедите пари за вашиот следен фантастичен одмор.

Напиши коментар