Здраво тело

Спиењето во самоизолација може да биде различно од спиењето во редовни околности, еве зошто е така!

Експерт за спиење и соништа изјавува дека луѓето кои се во изолација одеднаш можат да сонуваат „поживописни“, сликовити и подолги соништа.

За почеток, во самоизолација или за време на социјална дистанца, спиеме подолго бидејќи едноставно имаме повеќе време – не мора да патуваме до и од работа и излегуваме помалку.

Ако имате нормален ритам на спиење, односно немате проблем да заспиете, ќе забележите дека спиете подолго.

Поради тоа мозокот останува подолго во РЕМ фазата, кога е поактивен, па затоа е можно да сонувате подолги, покомплицирани и „луди“ соништа, вели професорот Марк Благров од универзитетот Свонси.

„Самоизолацијата од една страна го прави нашиот живот попривлечен затоа што не доживуваме толку многу искуства надвор од дома, гледаме помалку луѓе и се впуштаме во рутина.

Од друга страна, можеби не мачат и повеќе грижи – вирусот корона, работната состојба, здравјето на саканите , финансиска неповолност …

Сонот е еден вид реплика на животот и нашите искуства, но повеќе се фокусира на она што го доживеавме многу емотивно.

Ретко ќе сонувате дека повторно и повторно извршувате активности на работното место.“, изјави тој за „Дејли мејл“.

Овие „филмски“ соништа можат да вклучуваат и луѓе што не сте ги виделе долго време, бидејќи поради самоизолација ние поминуваме повеќе време на социјалните мрежи каде што „гледаме“ во животот на другите.

Затоа, не грижи се ако сонуваш многу понеобични соништа отколку пред самоизолација.

Тие се начин вашиот мозок да ги процесира емоциите што ги чувствувате за време на оваа состојба.

Подолга РЕМ фаза исто така значи дека поверојатно е да ги паметиме соништата од претходната вечер, наместо да ги забораваме брзо.

Додека спиете во самоизолација, дали сте забележале необични соништа?

Пишете ни во коментарите!

Напиши коментар