Art & Crafts

Според рецептот на искусните цвеќари: Ова чудо од раствор ќе го опорави секој цвет и ќе го забрза неговиот раст!

Со ова решение ќе имате најубава цветна градина.

За да можат цвеќињата да бидат бујни и здрави, потребна им е соодветна грижа и одвреме-навреме храна.

Најдовме рецепт за целосно природно решение што цвеќарите го користат за да ги вратат растенијата во живот, но и да го забрзаат нивниот раст. Сè што ви треба е квасец и вода.

Кога почвата се полева со раствор од квасец, активноста на микроорганизмите во земјата брзо се зголемува, се зголемува содржината на макро и микро хранливи материи, што придонесува за поубав и бујен изглед на цвеќето, но и коренот напредува побрзо.

Овој раствор е лесен за правење и не бара големи финансиски трошоци.

Ќе ви требаат:

• 50 грама квасец

• 5 л вода

Ставете го квасецот во тенџере со вода и можете да додадете малку шеќер. Мешајте ја водата со квасецот за да се стопи.

Овој раствор не може да трае долго, затоа мора да се искористи во рок од неколку дена, велат цвеќарите.

Тие гарантираат одлични и брзи резултати, а таквото наводнување се препорачува 3 пати месечно, за време на пролет и лето и 2 пати месечно за време на есен и зима.

Напиши коментар