Art & Crafts

Средство за дезинфекција можете да направите сами: Според советите на надлежните, ова е вистинскиот начин!

Сите до сега сме научиле и со сигурност знаеме дека еден од најефикасните методи за спречување на ширење на бактериите, според Светската здравствена организација, е миење на рацете и редовно чистење на просториите со средства за дезинфекција.
Со оглед на тоа што има голем дефицит на споменатите средства кај нас во периодов, самите средства за дезинфекција можеме да ги направиме дома. Исто толку е ефикасно како и купувањето, а тајната е правилно да ги измерите потребните состојки.


За да направите средства за дезинфекција, потребен ви етанол 96% во количина 8333ml, водород пероксид 3% во количина 417 ml, глицерин 1,45% и дестилирана вода. Целиот процес на правење средства за дезинфекција можете да го видите на веб-страницата на Светската здравствена организација, но ако не сте способни да експериментирате и ви требаат, имаме добри вести за вас.


Производот е наменет за дезинфекција на кожата, сите површини, материјали и опрема. Може да се примени повеќе пати во текот на денот по потреба. Состав (како што препорача СЗО – Светска здравствена организација):


83,33% етанол 96%, 4,17% (водород) водород пероксид 3%, 1,45% глицерин и 11,05% дестилирана вода. Дејствува во рок од 30 секунди и отстранува 99 проценти од бактериите, вирусите и габите.

Напиши коментар