Ориганото е повеќегодишно зелено растение со висина до 50 см. Има мали, густи, темно зелени листови, јајцевиден облик и виолетови цветови.
Заради тоа што ова растене потекнува од медитеранското поднебје, на ориганото му се потебни многу сончева светлина и растресено и суво земјиште.
Ова растение не бара многу вода. Само кога земјата е потполно сува на допир, треба да се полее.
Доколку се сади на отворено, се препорачува да се насади на пролет. Потребно е да се кратат врвовите 5-7 см кога ќе достигне висина од 15 см, за да се поттикне растењето на странични гранчиња. Цвета од јули до август.
Ориганото содржи витамин А и Ц, молибден, селен и калциум.
Старите Грци верувале дека ориганото може да се користи и како противотров. Го користеле за лечење на иритација на кожата и инфекции. Исто така, верувале дека кравите кои пасат на полиња со оригано имаат повкусно месо, а го конзумирале ориганото и пред спиење за да ја сонуваат саканата личност.
Преубав декор е во градината како градинарско растение, а покрај убавината, ориганото е и корисно бидејќи ги привлекува пеперутките и пчелите.
Ориганото во себе содржи природни инсектициди, па нема потреба за заштита од штеточини.
Како зачинско растение ориганото се користи свежо и исушено. Свежо се додава во салата, јадења од месо, дивеч и риба.
Најдобро се сложува со останатите зачински растенија: мајчина душица, босилок, магдонос…