Art & Crafts

Супер трик за миење прозорци – без дамки

Софи Хинчлиф, позната и како г-ѓа. Хинч, стана позната по објавувањето на совети и практични трикови за чистење и одржување на домаќинството, а неодамна еден нејзин обожавател (од кои има 3,1 милиони само на Инстаграм) го објави својот трик за тоа како да се исчистат прозорците за да заблескаат – со минимален напор и со две работи што веројатно веќе ги имате).

Објавувајќи видео на Facebook групата на следбеници на г-ѓа Хинч, ‘Mrs. Hinch M de Me Do It’ , во која има повеќе од 175,000 членови, жената напиша дека избегнува прскање прозорци со средства за чистење.

Наместо тоа, напиша таа, во топла вода го меша средството за чистење за прозорците со малку омекнувач на ткаенината, а откако ги мие прозорците, ги брише со мека крпа од микрофибер.

На крајот, таа само го отстранува вишок вода и вели дека прозорците се бесконечно чисти.

Со истите средства, таа ја мие нечистотијата, која се собира по рамката на прозорецот.

Иако вели дека била скептична кога слушнала дека омекнувачот на ткаенината се користи за прозорците, трикот е ефикасен и може да го препорача и на нејзината мајка, која секогаш и се жали дека и треба многу време за миење на прозорците.

„Ги измив сите прозорци внатре и надвор за 40 минути“, рече таа.

Таа исто така објасни дека омекнувачот ги мие сите дамки совршено, а додадениот плус е, вели таа, свежиот мирис што останува во просторијата.

Напиши коментар