Sweet Home

Таа не е толку позната, но го купи овој прекрасен дом на Френк Синатра за 10 милиони долари

Минди Калинг, американска актерка, комичарка, писателка и сценарист, му додаде на своето портфолио на завидни недвижности уште една многу престижна куќа на плажа која му припаѓаше на големиот Френк Синатра.

Оваа фантастична куќа се протега на 538 метри квадратни и се наоѓа во Малибу.

Ова место е идеално за прослави и забави на плажа, бидејќи може да смести доста голем број на посетители, со оглед на тоа што има дури седум спални соби и осум бањи.

Пред да се продаде на Минди Калинг, семејството ја изнајмувало куќата на месечна основа за 110.000 долари.

Мермерните подови и спектакуларните застаклени делови се издвојуваат како едни од најголемите предности во куќата, но има и голем двор, директен пристап до плажа, како и некои простории кои зборуваат сами по себе, како салонот со камин и спалните соби со поглед кој вреди милион долари!

Напиши коментар