Еден од најнаселените градови во светот е исто така познат по своите сцени како од бајки со цреша во цвет, пристигнувањето на пролетта, но ваквите сцени што туристите со радост ги споделуваа, нема кој да ги сподели сега.
Поради пандемијата на корона вирусот и строго пропишаните мерки за движење во главниот град на Јапонија, веќе не постои толку познатата врева и гужва на секој агол, Токио изгледа тажно, празно и нефункционално кога неговите улици не се преполни со градските жители и многу туристи.
Нашата галерија содржи фотографии кои за жал ги прикажуваат разликите помеѓу Токио сега и тогаш.