Кога парата ќе влезе на врата, законот излегува!
Пејачката само со едно излегување од домот дигна голема прашина кога го напушти својот дом во топ и хеланки во Америка.
Џенифер Лопез беше сликана како излегува од теретаната, а како што објавија американските медиуми, иако сите теретани биле затворени, тие ја отвориле оваа само за нејзини приватни цели.
Всушност, пејачката и актерка платила да вежба со сопругот Алекс Родригез во теретана во која инаку одела, но таа била затворена за јавноста поради пандемијата на корона вирусот.
Сепак, Џеј Ло тоа не ја интересираше, а сега американската јавност е бесна затоа што сметаат дека оваа отстапка е направена само затоа што е „богата и позната“.
– Ова е срам, значи сè е возможно кога ќе се плати?
-Се продава за пари – се само неколку од коментарите.
Џеј Ло, од друга страна, не ја засегаат овие коментари, само се насмевнува, тренира и ја покажува својата линија.