Откако се бореше со корона вирусот, актерот се огласи од својата куќа.
Актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се вратија во Америка откако беа изолирани во Австралија поради корона вирусот.
„Ние сме дома, и како и другите Американци, продолжуваме со социјалното дистанцирање“, напиша Хенкс на Твитер.
Парот беше тестирани за вирусот корона на почетокот на месецот, кога почнале да ги чувствуваат првите симптоми на болеста.
Тие беа во Австралија каде што Хенкс требаше да започне со снимање филм за животот на Елвис Присли, во режија на Баз Лурман.
Снимањето беше прекинато и Хенкс и Вилсон поминаа извесно време во болница.
„Многу, многу им благодарам на сите во Австралија кои се грижеа за нас. Нивната грижа го направи возможно нашето враќање во САД.
И многу им благодарам на сите вас кои ни испративте позитивни желби. На Рита и мене ни значеа многу “, напиша актерот.
Неговата сопруга и тој изминативе денови известуваа преку социјалните мрежи за првите симптоми што ги чувствувале, нивните искуства во изолација, ги советуваа луѓето како да се релаксираат во тешки моменти, дури и рапуваа за да ги забавуваат своите следбеници.