Новости

Tomorrowland официјално откажан!

Tomorrowland 2020 е официјално откажана поради тековната пандемија на корона вирусот.

По неколку недели на гласини и разгледување, беше откриено од страна на белгискиот Совет за безбедност на прес-конференција дека сите големи настани ќе бидат забранети до 31-ви август.

Сепак, Tomorrowland ги сподели официјалните датуми за фестивалот за следната година, што ќе се одржи од 16-18 јули и 23-25 ​​јули 2021 година.

Tomorrowland исто така сподели дека сите купени билети за годинашниот фестивал ќе бидат пренесени за 2021 година, иако сè уште не е дадена информација за можност за поврат на наплата.

„Како општо упатство, веќе можеме да кажеме дека сите билети ќе бидат префрлени за Tomorrowland 2021“, се вели во соопштението. „Ова не е лесна операција, но ние ќе се обидеме да ги испратиме сите преку е-пошта во текот на следната недела и да обезбедиме ажурирање на вашата лична сметка на Tomorrowland.

Напиши коментар