Мода

Тренд што мора да го пробате оваа пролет

Ако веќе не сте ги набавиле, сега е добро време да го сторите тоа, бидејќи beggy фармерките ќе бидат на врвот на листата на тренди-модни парчиња оваа сезона.

Изминатите неколку месеци започнаа да го заземаат модниот пазар и сега ги предлагаат сите модни куќи.

Тренди дамите ги носат со задоволство на многу различни начини. Пробајте ги и вие. Beggy jeans во класични тексас-нијанси секогаш се најбезбеден избор.

Еден начин е да ги носите со краток горен дел, преголемо сако и патики. Тоа е шик избор со кој ќе покажете дека сте девојка со стил.

Ако се подготвувате за коктел со друштвото, секогаш можете да го комбинирате овој пар фармерки со интересна асиметрична блуза и високи потпетици. Импресивниот накит може дополнително да ја истакне оваа модна комбинација.

Друг избор би биле beggy фармерки во црна боја, ако ви се допаѓа оваа боја на фармерки. Пробајте ја оваа женствена и секси комбинација каде ќе облечете градник од чипка и над него свилена кошула. Раскопчајте ја за да се гледа дел од чипката.

Сандали со тенки ремени ќе бидат одличен избор за оваа комбинација и додајте неколку дискретни ѓердани за да ја потенцирате женственоста.

Ако се подготвувате за работа, можете да ги комбинирате овие фармерки со класична кошула или полу-ролка врз што можете да го носите омиленото сако.

Со кожни мокасини, комбинацијата ќе изгледа модерно и тренди.

Напиши коментар