И покрај тоа што никој сега не размислува за шминка и фризура, всушност не е лошо да се забавувате и да пробате дома што најдобро ви стои вам.
Вонредната состојба сеуште трае во нашата држава и од граѓаните се бара да останат дома.
Јасно е дека разубавувањето не е најважно, но можеби не е лошо да се забавувате дома и да пробате некои од трендовите кога станува збор за шминка и фризура.
Пробајте ги, видете што најубаво ви стои вам, што ве тера да се чувствувате добро …
Контрастна текстура
Шминкерот на пејачката Бијонсе ја испроба шминката на модел, за која се вели дека ќе биде хит за оваа сезона.
Нијансата на карминот и сенката за очи треба да бидат исти, но ставете светкава сенка на очите, а мат кармин на усните – и заблескајте!
Бран од 90-тите
Потребно е малку храброст за овој изглед бидејќи е прилично впечатлив – во оваа сезона тренди ќе бидат сините сенки за очи, како и пошироките линии нацртани со туш.
Доколку се одлучите за овој изглед, проверете дали веѓите ви се уредни и негувани бидејќи фокусот ќе биде на очите и на горниот дел од лицето во целина, пишува Cosmopolitan.rs.
Ставете шминка и на слепоочниците
Уште една опција за шминка која ќе биде популарна во сезоната пролет/лето 2020.
Сè што треба да направите е да нанесете малку светкава сенка со ненаметлива боја на вашите слепоочници – ова драматично ги менува контурите на вашето лице и му дава благ сјај.
Бисери во вашата коса
Збогатете ја фризурата со бисери – можете да залепите неколку бисери на обичен стегач, како и на венчињата и шнолите… што и да одберете, нема да погрешите, бидејќи оваа декорација навистина ќе го подобри вашиот изглед.
Усни што одговараат на модните додатоци
Ако сте во дилема дали да комбинирате кармин со лак за нокти, сенка за очи … можеби е најдобро да изберете нијанса што одговара со ташната што ја носите или, да речеме, копчињата на вашето сако.