Art & Crafts

Трик со кој ќе го задржите вашиот леб свеж подолго време

Лебот е храна што ја јадеме секојдневно, но нема да биде свеж и мек следниот ден откако ќе го купите.

За разлика од другите намирници што можат да стојат со денови, па дури и неколку недели ако се чуваат правилно, тоа не е случај со лебот.

Но, една домаќинка откри во групата “Feeding a Family on £1 a Day” на Фејсбук, трик што ја спречува мувлата, пренесува The Sun.

Го спасува стапче целер

„Ми остана парче леб што не го собира во замрзнувачот, а веќе почнав да сечам и да јадам еден леб. Гледав видео на Јутјуб како вели дека треба да се стави едно парче целер во платнена вреќа за да се одржи лебот свеж. Не знам како функционира ова, но можам да кажам дека лебот навистина остана свеж“, напиша таа, истакнувајќи дека целерот воопшто не го менува вкусот на лебот.

Трикот е во тоа што лебот ја апсорбира влагата од целерот, предизвикувајќи лебот да не се исуши.

Оваа објава стана вирална, а другите членови на групата на Фејсбук напишаа коментари со благодарност за откриениот трик, пренесува Stil.rs.

Напиши коментар