Здраво тело

Трикови кои ќе ви помогнат колку што е можно помалку да го допирате лицето

Време е да се ослободиме од оваа лоша навика.

„Мијте ги рацете и не го допирајте лицето“ – е реченица која во последно време е толку врежана во нашата меморија што веројатно ја рецитираме и во сон.

Додека правилното миење на рацете веќе го совладавме, некои од нас сè уште имаат големи проблеми со вториот дел од реченицата.

Допирањето на лицето е многу несвесен рефлекс, а истражувањата покажуваат дека просечна личност го допира лицето и до 23 пати за еден час.

Сега е исклучително важно да се минимизира таквиот контакт заради опасност да се заразиме себе си и другите, а да се справиме со оваа нехигиенска навика секако се исплати и тоа поради спречувањето на појавата на акни и воспаление на кожата.

Првиот (и апсолутно неизбежен) чекор е да станете свесни за навиката – обидете се да забележите во кои ситуации и од кои причини го допирате лицето.

Многу е можно да го правите ова во услови на стрес и вознемиреност, или можеби сте го поврзале допирот автоматски со некои специфични активности, како што се читање или возење.

Тогаш сте подготвени за следниот чекор – држете ги рацете зафатени.

Помогнете си себеси со топка, стегач за коса или други мали предмети што секогаш ќе ви бидат на дофат на раката и стратешки позиционирани на местата каде што најчесто го допирате лицето.

Ако рацете се зафатени, ќе видите, прстите ќе се брзаат кон лицето многу поретко.

Друг трик што може да ви биде корисен е да ги мачкате рацете со природен, многу интензивен мирис – масло од чајно дрво е идеално за тоа, бидејќи дури и ако се заборавите, тоа има силни дезинфекциски својства.

Интензивниот мирис ќе им пречи на очите и носот, па ќе избегнувате близок контакт.

Би било корисно да поставите и неколку потсетници за да ве потсетат да не го допирате лицето и да ги замолите вашите најблиски да го сторат истото.

Напиши коментар