Просторот во плакарите никогаш не е доволен.
За да им помогне на сите што страдаат од иста болка, жената излезе со трик што ќе ви помогне да сместите повеќе работи во вашиот плакар.
Интересно видео се појави на популарната страница на социјалната мрежа TikTok во која се објаснува како да зголемите просторот за вашиот плакар.
Се што ви треба се закачалки (со глава што можете да ја свртите) што веќе ги имате во вашиот плакар, плус неколку лименки од сок или конзерви.
Извадете го отворачот од конзервата или лименката сок и протнете го горниот дел од едната закачалка во едната дупка, а другата закачалка закачете ја во другата дупка.
Повторете го истото со следната закачалка за да добиете серија од три поврзани заедно.
Корисничката на TikTok, Холи Влогс, детално го објасни трикот во своето видео.