Првата асоцијација со останувањето дома, за повеќето од нас, е удобен кревет, топли термо чорапи, помалку шминка и добра книга или серија.
Но, во ситуацијата во која сите сме сега, работите се малку поинакви.
Престојот дома се продолжува, што не ги радува сите, но сепак се обидуваме да останеме позитивни и да се фокусираме на удобност и продуктивност.
Така, на Инстаграм веќе не гледаме фотографии од црвениот тепих, разни настани и од канцеларијата, но имаме можност да ја видиме пореалната слика зад целиот гламур претставен на Интернет.
Исто така, имаме и две страни – оние потполно опуштени, во стари пижами, џемпери и преголеми маици, и оние кои, и покрај изолацијата, сепак сакаат да се потрудат малку повеќе и со тоа да ја одржат рутината на „средување“.
Работата се пресели во нашите домови, а славните жени кои сè уште ги следиме ги покажаа своите одлични домашни комбинации во кои сакаме веднаш да влеземе.
Веруваме дека вие самите многу пати сте прочитале дека за да се чувствуваме добро, но и за продуктивност, ако работиме од дома, важно е каква облека носиме.
Значи, откако ќе се разбудите наутро, важно е да не седите на вашата работна маса во пижами, туку да се облечете во дневна облека.
Она што можеме да уживаме во моментов е фактот дека овие денови облеката може да биде убава тренерка или тренди сет што сме си го дозволиле, како и фактот дека навистина можеме да ја одмориме кожата од тешката шминка.
За таа цел, ние собравме неколку „домашни“ стилови за ваша инспирација!