Светски личности кои донираа пари за борба против вирусот корона.
Модниот дизајнер Ралф Лорен (80) минатата недела објави дека неговата компанија дала 10 милиони американски долари за борба против корона вирусот, со што го постави стандардот кај славните.
Американскиот филантроп и милијардер не штедеше кога ја сфати опасноста за светот од злогласниот вирус кој се шири од Кина, а истата сума ја донираше Опра Винфри (66).
– Веруваме дека сите сме поврзани без разлика кој сте или од каде сте. Ова е причината зошто се бориме на многу начини да им помогнеме на сите да ја надминат оваа криза – рече Ралф, а беше објавено на официјалната веб-страница на неговиот моден бренд.
Модниот дизајнер Џорџо Армани (85) беше првиот од оние што донираа 1,25 милиони евра за помош на клиниките и институтите, откако Италија застана во фокусот на вирусот.
Од дел од нејзиното огромно богатство се откажа и Ријана (32), која му донираше 5 милиони долари на нејзиниот роден Барбадос. Таа одлучи да поддржи неколку организации на кои им е потребна помош.
„Ние одговоривме на СОVID-19 со дистрибуирање на финансиска помош за разни хуманитарни организации, медицински материјали и храна во неколку региони“, рече таа.
Милијардерката Кајли Џенер (22) издвои 1 милион долари. Таа донираше за да им помогне на здравствените работници во лекувањето на пациентите со корона вирус, а претходно ги замоли своите фанови и следбеници на социјалните медиуми да останат дома.
Таа беше слушната и од легендарниот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер (72).
Покрај тоа што ги следеше правилата за изолација и не го напушти ранчот, Арнолд реши да им помогне на децата кои останаа без оброци откако училиштата во Америка се затворија заради корона вирусот.
Во соработка со социјалната платформа „ТикТок“ донираше 3 милиони долари. Пејачките Бритни Спирс, Лејди Гага, Мајли Сајрус се само неколку од оние кои решиле да донираат пари.