Cafe Del Mar

Уживајте во виртуелното искуство на јапонскиот онсен

За нас е речиси невозможно да уживаме во моменти на мир, додека глобалната пандемија го освојува целиот свет…

Едноставно не можеме да го расчистиме умот од сите информации поврзани со вирусот корона, со кои сме бомбардирани секогаш кога ќе погледнеме во нашиот телефон, ТВ или компјутер.

Сепак, Јапонците успеаа да најдат генијално решение за сите овие проблеми – дигитален онсен. Сега можете да се опуштите со ресторативните програми на Земјите на изгрејсонцето, без да морате да го напуштите вашиот дом.

Благодарение на групата сопственици на рјокани од градот Арим, кои започнаа да ги споделуваат VR-снимките од нивните топли бањи(онсени) со своите фанови, можете да уживате како да сте таму.

Во понуда се четири канали на YouTube, а секое видео ви дава можност да се опуштите со смирувачки поглед и звукот на вода, додека цветовите од цреша се поместуваат од ветрот.

Како тоа всушност функционира?

Па, ќе ви требаат пар VR очила и када. Наполнете ја кадата со топла вода и пена по ваш избор, а потоа одберете ја омилената сцена преку платформата на YouTube и потопете се во универзум на мир и тишина.

Патем, градот Арима е познат во светот по своите одморалишта, кои беа затворени за јавноста.

Сигурни сме дека, кога конечно ќе се заврши целата приказна за пандемијата, нивните капацитети ќе бидат целосно исполнети.

Напиши коментар