Амбиентот во кој се опуштате е многу важен, затоа послушајте неколку корисни совети.
Просторот или катчето за одмор е многу важно место во домот, без разлика дали сакате да спиете попладне или да се опуштите со добра книга или чаша чај.
Покрај мирот и тишината што ви се потребни, исто така е важно како ќе изгледа и ќе биде опремено местото за одмор.
Тоа зависи, пред се, од тоа што за вас значи одморот, па еве неколку предлози што ги опфаќаат сите опции за вашиот одмор.
Доколку сте страствен спијач и попладневното дремење ве враќа во живот, важно е просторот наменет за одмор да има удобен двосед или тросед, а се потребни перници кои покрај практичниот дел ќе му дадат и на просторот пријатна и естетска компонента.
Ставете меко ќебе над двоседот, кое секогаш ќе ви биде при рака, но секако, треба стилски да се вклопи со бојата на софата и перниците.
Дизајнерите на ентериер препорачуваат просториите или деловите од домот дизајнирани за одмор и релаксација да имаат мирни и неутрални sидни бои, бидејќи енергичните бои можат да ве оптоварат, додека нежните и неутралните ќе создадат чувство на мир и спокојство, а и ќе ги одморат очите.
Неопходен дел од просторот за одмор е клубска маса, каде што ќе можете да ставите чаша чај, книга или лап-топ, а можете да ја декорирате со вазна со свежо цвеќе, кое ќе додаде свежина на просторот, а околу вас ќе се рашири пријатен мирис на цвеќе.
Што се однесува до подот, експертите за ентериер сметаат дека тепихот е “must have” парче мебел во просторијата за одмор.
Тепихот ќе го загрее просторот и ќе даде чувство на удобност и пријатност. Пожелно е да биде, како и ѕидовите, во неутрална и пастелна боја, без силни и нападни шари.
Покрај софата резервирана за попладневната дремка, во просторот задолжително ставете една удобна фотелја – за оние периоди кога нема да легнете, туку сакате да седите и да читате добра книга, весник или да гледате епизода од вашата омилена серија.
Можете да го декорирате вашиот простор за одмор со омилени мали нешта или фотографии, но не претерувајте затоа што премногу работи можат да делуваат задушувачки и да создадат чувство на пренатрупаност на просторот.