Sweet Home

Вазни со форма на женско тело го освоија секое катче на Инстаграм

Деновиве, ако скролате повеќе на Инстаграм и потемелно од вообичаеното, тогаш сигурно сте ги виделе керамичките вазни во форма на женско тело што славните трендсетерки неодамна ги донесоа во нивните стилски уредени домови.

Имено, ова е дело на дизајнерката Анис Кермиче, која до сега му беше позната на светот на модата пред се по нејзиниот елегантен накит.

Во фокусот на нејзината работа отсекогаш била женственоста, а женскиот лик исто така ја инспирирал кога создавала накит, на пример, во форма на женски нозе што прават златни обетки или бисти на приврзок на елегантни ѓердани.

Но, Аниса неодамна го привлече вниманието на интернет публиката со дизајнирање на свеќници и вазни во форма на женско тело, и се чини дека нејзиниот дизајн на производи го освои светот со молскавична брзина.

Таа сигурно привлече симпатија со тоа што не го претстави женското тело преку призмата на „совршени“ пропорции и ги создаде своите керамички вазни со вообичаена асиметрија и „недостатоци“ кои инаку ги украсуваат нашите тела и ги прават поинтересни од вештачки произведените калапи и нереални идеали кои често се наметнуваат.

„Женските“ вазни на Анис Кермиче досега ги вселија во своите домови трендсетерките како Пернил Теисбаек и Леандре Медина, а судејќи според интересот што го будат, наскоро би можеле да ги видиме овие убави детали кои ја слават женската убавина насекаде.

View this post on Instagram

Need a taaaaan☀️🧐

A post shared by Pernille Teisbaek (@pernilleteisbaek) on

View this post on Instagram

Sweet home 🍧✨

A post shared by Iris de La Villardière 🍒 (@irisdlv) on

Напиши коментар