Доколку барате инспирација за малку поразлични велигденски украси, предлагаме да направите украси во форма на јајца, обвиткани со ливчиња од лалиња.
Лалињата, на многумина им се омилени пролетни цвеќиња, и можат да се искористат за правење на малку поинакви велигденски украси.
Сè што ви требаат се јајца од стиропор, ливчиња од лале, шпенагли украсени со топчиња на врвот и украсен конец со златна или друга боја, по желба.
Ви претставуваме две опции како да ги украсите јајцата со ливчиња од лале, а секоја верзија се состои од два лесни чекори.
ПРВА ОПЦИЈА
1. Набодете го ливчето од лалето со шпенагла
2. Прикачете ги ливчињата на јајцето од стиропор
ВТОРА ОПЦИЈА
1. Прекријте го јајцето од стиропор со ливчиња од лале
2. Прицврстете ги ливчињата со декоративен конец