Го зајакнува ‘рбетот, го чисти имунолошкиот систем и штити од болести – оваа едноставна вежба за јога го штити организмот од болести!
Јогата е одлична техника за подигнување на имунитетот и зајакнување на телото. Придобивките од јогата се многубројни – ослободување од стрес, зголемена флексибилност, подвижност или сила, духовна врска, поврзаност со себе и преиспитување на вашето тело. Сепак, ние често забораваме дека јогата е идеална природна „алатка“ за отпорност на телото одвнатре и надвор.
Стресот го ослабнува имунитетот и доведува до негативни промени во клетките, но јогата може да ни помогне да се справиме со стресот што го носи модерниот забрзан живот и со тоа нè штити од болести. Со намалување на стресот во организмот, јогата целосно го намалува воспалението и го штити имунолошкиот систем. Секојдневната практика на јога носи смиреност на телото, го спречува воспалението и го прави телото функционално.
Јогата како целина помага да се одржи оптималното здравје на умот и телото, но има одредени јога асани (пози) кои се многу едноставни и го штитат организмот од болести.
Една од нив е Ardha Matsyendrasana (извртување на ‘рбетот во седечка положба). Оваа асана има корисен ефект врз ‘рбетот благодарение на истегнување на бутовите, половината и стомачните мускули. Исто така, оваа вежба го зголемува капацитетот на белите дробови и ви помага да вдишете повеќе кислород. Ardha Matsyendrasana има позитивен ефект врз внатрешните функции на организмот и го зајакнува имунолошкиот систем.
Извртување на стомакот и стомачните мускули во оваа вежба го стимулира варењето на храната и природната детоксикација на организмот. Неправилното варење влијае на акумулацијата на токсините во организмот што создаваат воспаление и инфекција. Редовната практика на оваа асана ќе го прочисти вашето тело и ќе создаде имунолошки штит.
Како да се изведе оваа ефективна и едноставна асана?
Седнете на подот, со споени нозе и ‘рбетот држете го исправено. Префрлете ја десната нога преку левата страна, левата рака потпрете ја над десното колено и потпрете се со десната дланка на подот зад вас. Полека свртете го ‘рбетот, свртете ја прво половината, потоа рамената и вратот на десно, се додека не погледнете преку десното рамо. Задржете ја положбата со лесно вдишување и издишување. Вратете се на почетната позиција по истиот редослед: прво опуштете ги мускулите на половината, потоа градите и, конечно, вратот. Останете исправени, но опуштете се. Со издишувањето, вратете ја десната нога на почетната позиција.
Повторете, овој пат со спротивната нога и рака.