Што да се прави со децата додека трае изолацијата?
На многумина овие денови им се чини дека ги „испукаа“ сите опции, а останувањето дома без училиште, градинка и без одење во парк ќе потрае некое време.
Сепак, секогаш е можно да измислите нова игра и забава за најмладите.
Еден предлог е да се направи домашен пластелин или тесто за игра.
Самиот процес на изработка има терапевтски ефект.
На повеќето деца им помага при саморегулирање, им го намалува физичкиот немир и лесно е да се задржи нивното внимание со една таква активност.
И сега еве ги состојките за правење на тесто за игра:
– две шолји бело брашно
– една шолја сол
– темперна боја (боја по желба или хранливи бои)
– лажичка масло
– топла вода колку што е потребно за да се замеси мазна и мека, но не и леплива и течна смеса
– додадете брашно или вода ако сметате дека недостасува
По играта, затворете го тестото во сад со капак, а можете да го користите барем една недела ако го чувате правилно.
И тоа е тоа.
Играјте се и останете дома.