И покрај тоа што многумина не го сметаат царскиот рез како сериозна медицинска процедура, тоа е операција која носи многу ризици.
Освен тоа, мајките кои доживеале вагинално пораѓање и царски рез, ќе се согласат дека закрепнувањето е многу побрзо и полесно по природно раѓање.
За да се илустрира колку е сложена операцијата, блогерката мајка Џеси Франкс минатата година дизајнираше импресивно видео, а последниве денови тоа (повторно) стана вирално.
Незапирливо се шири на социјалните мрежи, и тоа од многу добра причина.
Таа беше во можност лесно да покаже што точно се случува за време на царски рез и колку слоеви требаше да се исечат за да може лекарите да дојдат до новороденчето, рече Motherly.
Иако мајките не треба да чувствуваат болка во текот на оваа постапка, процесот на закрепнување одзема многу време и честопати е многу болен.
“Луѓето рекоа дека се благодарни што постои ова видео, затоа што вистинските хируршки видеа беа премногу ужасни за гледање. Една мајка рече дека е прв пат таа да се насмевне замислувајќи го раѓањето на своето бебе”, изјави Џеси која ваквите реакции особено ја разнежнија.