Два корисни совети за моментите кога вашите деца го тестираат вашето трпение.
Ако и вие деновиве се најдовте во волшебен круг на викање на децата без причина и грижа на совеста ве јаде затоа што, очигледно, викате на децата, еве неколку корисни совети кои можат да ви помогнат да се чувствувате малку подобро.
Сите сме на работ на нервите, возрасните имаат свои грижи, но не им е лесно и на децата да бидат во ситуацијата во која сите се најдовме.
Но, она што е најважно е да се разбере дека совршенството не постои и да престанете од себе да очекувате да бидете идеален родител во секој момент, вели Лорен Виена, која со години работи во приватни предучилишни установи, и е автор на „Совети: Позитивни вербални стратегии“.
Наместо да се обидете да бидете совршена мајка или совршен татко, подобро е да разговарате со вашите деца чесно, според нивната возраст.
Кога ќе викате или ќе ги скарате своите деца, иако не направиле ништо страшно, кажете им дека не сте биле во право веднаш штом ќе станете свесни за тоа.
Само „извини, не требаше да викам утрово“ дури може да ги натера најмладите деца да разберат, особено ако го кажете тоа со прегратка.
Ако се на предучилишна возраст, исто така можете да додадете објаснување и да му кажете зошто сте биле нервозни во тој момент (имавте многу работа, или вашите деца го одолговлекуваа облекувањето или миењето и слично).
Другиот совет што Лорен Виена го има за родителите е да не бидете премногу строги кон себе.
Воведете „скала“ од еден до десет во однос на она што ќе им го кажете на децата и прифатете дека има неколку денови кога вашиот резултат ќе биде 10/10.
Но, ако во текот на денот седум од десетте работи што им ги кажавте на децата беа убави и позитивни, со љубезен тон, ОК сте.
И децата и вие.