Не им е лесно на родителите со мали деца кои не одат на училиште во карантин.
Учениците сè уште можат да следат часови и да имаат домашни задачи, но како може четири до пет годишно дете да се забавува цел ден?
Мајката Кајли Мекнаб најде феноменален начин да го забавува својот син и да му го исполни денот.
Децата се полни со енергија и не е лесно за нив или нивните родители да ги поминуваат своите денови дома во изолација.
Мајки и татковци споделуваат искуства и совети како да ги забавувате своите најмлади во новите околности, кои можат неуморно да трчаат и да играат цел ден.
Кајли Мекнаб, од американскиот град Омаха, во својот дом создала мал полигон за трчање за нивниот син, кој според видеото го воодушевил момчето.
Таа обележа пат каде што детето треба да трча и постави мали пречки на патот кои треба да ги помине – стол, клупа, лизгалка – и некои други лесни задачи што момчето успешно ги заврши.
И сето тоа придружено со песната „Eye Of The Tiger“ – значи вистински мал Роки!
Видеото на Кајли воодушеви многу родители и е споделено повеќе од 868.000 пати.
Ако ви треба поголема занимација за вашите малечки, обидете се да создадете сличен полигон во вашиот дом, бидејќи ова е идеја која лесно може да се спроведе.
Користете табуретки, перници од гарнитура, столчиња, клупи и други парчиња мебел и предмети што лесно може да ги совлада вашето дете.
Се разбира, прво и најважно, внимавајќи на безбедноста на вашето дете – забавата е тогаш загарантирана!