За љубителите на зеленчук, имаме одличен рецепт!
Рецептите со печурки се секогаш популарни, овој пат ви предлагаме вкусна супа со печурки и зеленчук!
Ако сакате посна верзија, само користете коцка за супа од зеленчук.
Состојки:
200 грама печурки
2 компири
1 морков
Глава кромид
Две чешниња лук
Мајчина душичка
Коцка пилешка супа (или зеленчук, ако сакате посно)
Маслиново масло
Подготовка:
Добро измијте ги печурките и исецкајте ги.
Излупете ги компирите и морковите и исецкајте ги.
Пржете го ситно исечениот кромид и лук во маслиново масло, додадете печурки и оставете малку да се запржи додека не потемни.
Додадете ги компирите и морковот, врз нив истурете супа (700 милилитри) и оставете да зоврие.
Зачинете со мајчина душичка, намалете го оганот и оставете да врие на тивко додека компирите не омекнат, 10-15 минути.
Пријатно јадење!