Бомбици со чоколадо и лешник, слични на познатиот италијански десерт.
Речиси и да нема човек кој не го сака овој раскошен десерт.
Подгответе го сами, нема да зажалите!
Состојки:
100 гр наполитанки од лешник
150 гр лешник
200 гр чоколаден крем (нутела)
150 гр чоколадо за готвење
4 1/2 лажици масло
по желба фстаци, ореви, трошки од чоколадо
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени C. Распоредете лешници во плехот за печење и ставете ги во рерна 8-10 минути. Извадете ги, оставете ги да се изладат, извадете ја лушпата и потоа ситно исецкајте ги.
Искршете ги наполитанките, додадете ги исецканите лешници и нутелата и темелно измесете ги со рацете за да се поврзе смесата.
Земете лажичка од смесата и обликувајте ги топчињата (ако смесата е премногу мека, оставете ја во фрижидер 15-30 минути пред да ги формирате топчињата).
Поставете ги на послужавник и оставете ги 45 минути во фрижидер за да се затегнат и оладат.
Стопете го чоколадото со маслото над тивок оган, а потоа прелејте ги разладените бомбици.
По избор, посипете со сецкани лешници, ореви, ф’стаци, трошки од чоколадо …