Мојата кујна

Вкусно и подготвено за помалку од половина час: Тестенини со грашок и пилешко

Брз ручек или вечера за целото семејство!

Ако ја сакате италијанската храна, ви го предлагаме овој едноставен пролетен рецепт за тестенини со грашок и пилешко.

Состојки:

  • 400 грама тестенини
  • 200 грама пилешко филе
  • 200 грама замрзнат или свеж грашок
  • 200 милилитри павлака за готвење
  • Сол, бибер
  • Маслиново масло
  • Пармезан

Подготовка:

Исечете го пилешкото на коцки, грашокот доколку треба да се одмрзне ставете го во зовриена вода.

Пржете го пилешкото во маслиново масло додека не се зацрви.

Во меѓувреме, ставете ја вода за тестенини да зоврие и добро посолете ја.

Додадете го грашокот во пилешкото, прелејте го со павлака за готвење и варете на тивок оган додека не се свари грашокот.

Тестенините сварете ги како што е наведено на пакувањето.

Зачинете го сосот со сол и бибер, измешајте со исцедените тестенини и сервирајте ги топли, попрскани одозгора со пармезан.

Напиши коментар