Дестинации

Во Виетнам изникна првиот позлатен хотел во светот

Хотелот Голден Лејк, беше прогласен за уникатен од навистина специфична причина.

Според кажувањата, оваа 25-спратна зграда е покриена со 5.000 метри квадратни позлатена керамика, што го прави прв позлатен хотел во светот.

Сместен во округот Ба Дин во Ханој, на брегот на езерото Гианг Во, хотелско-станбениот комплекс беше создаден како дел од групата Хоа Бин, а според плановите, сè треба да заврши до крајот на оваа година.

Хотелот Голден Лејк доби прекрасен ентериер кој совршено одговара на неговиот екстериер, со парчиња позлатен мебел, 400 луксузни соби, infiniti базен на покривот и сето тоа се наоѓа на одлична локација.

Со хотелот ќе управува американската групација Wyndham Hotel, која ќе се погрижи да им понуди на своите гости услуга од светска класа.

Цената на метар квадратен во станбениот дел на овој комплекс е 6.500 американски долари, додека една вечер во хотелскиот дел ќе чини околу 250 американски долари во поекономичните единици.

Напиши коментар