Sweet Home

ВОЛШЕБНИОТ ДОМ НА ВОЛТ ДИЗНИ: приземна куќа со базен за милион долари

Дали е ова првиот и вистински Дизниленд?

Живописниот дом изграден во 1962 година за Волт Дизни и неговата сопруга и денес привлекува внимание.

Овој интересен имот во Палм Спрингс, Калифорнија, брзо стана популарен под името „куќа од техниколор соништата“.

Познатиот креатор чие име е синоним за светот на цртаните филмови уживаше во приземната куќа со базен, терен за голф, а потоа и многу модерни простории.

Сега, моментално анонимниот сопственик го продава за нешто повеќе од милион долари, а сликите од автентичниот дизајниран ентериер се незаборавни!

Напиши коментар