Работата на мајката може да не биде платена во големи суми, но секако е придружена со многу стрес и прекумерна работа.
Според заблудата на многумина, грижата за децата и домаќинството не е вистинска работа. Еве ги сите заблуди за мајките кои остануваат дома.
- Тие само седат и гледаат телевизија.
- Тие ги користат децата како изговор да не работат.
- Тие имаат многу слободно време.
- Тие секогаш се среќни со својот ден.
- Бидејќи мајките се таму, татковците не треба да прават ништо околу куќата.
- Немаат никакви обврски надвор од домот.
- Тие зависат финансиски од нивните сопрузи, па затоа се караат за секој денар.
- Тие се без стрес.
- Дел од нивните обврски е да се мешаат во сè и да најдат решение за се.
Нема придобивки кога сте домаќинка. Како што споменавме погоре, ова се заблуди што поединците ги имаат околу мајките кои остануваат дома.
Никој не може со сигурност да знае што се случува зад „четирите sидови“ на едно домаќинство, па затоа е излишно да се генерализира.
Но, едно е сигурно – работата на мајката и домаќинка е тешка и не е предизвик што лесно се прифаќа.