Sweet Home

Zara Home: Велигденски декорации што ќе го красат домот во текот на целата година

Додека сите се надеваме дека ситуацијата со корона вирусот ќе се смири што е можно поскоро, ќе ве потсетиме и на фактот дека празниците е најубаво да се поминат во домот во друштво на нашите најблиски.

Водени од оваа мисла, ќе размислуваме и за Велигден, а сегашната состојба не мора да биде причина да го изоставиме празничниот дух во нашите домови.

Нема причина да не ѕирнеме што продавниците имаат да понудат за Велигден.

Меѓу оние кои веќе ја објавија својата велигденска колекција на своите страници е и Zara Home, која овој пат има и прекрасни детали за украсување на домот – од оние кои во целост нè асоцираат на Велигден, како корпа за јајца со форма на кокошка, до оние кои се едноставно убави и што можеме да ги користиме преку цела година, како убава вазна во бои кои се прелеваат.

Поголемиот дел од велигденската колекција е составен од оваа последна група – садови, чаршави, крпи, вазни … што едноставно ќе ги оставите на полиците и по празниците.

Сега погледнете во нашата галерија и видете какви детали беа дизајнирани во Zara Home за Велигден и не заборавајте – можете да нарачате сè од удобноста на вашиот дом.

Напиши коментар