Мојата кујна

Засладете се како порано: Највкусен домашен сутлијаш

Подгответе го овој едноставен, вкусен десерт и потсетете се на вашето детство!

Сутлијаш е десерт од ориз популарен во многу земји во светот, а ова е најлесниот рецепт за подготовка!

Сутлијашот, како и рижотото, се готви со методот на апсорпција, со често мешање, но вреди да се потрудите затоа што резултатот е неверојатно вкусен!

Состојки:

Чаша ориз

Шест чаши млеко

Половина чаша шеќер

Половина лажичка сол

Две лажички екстракт од ванила

Подготовка:

Во голем сад, загрејте четири чаши млеко со сол и шеќер.

На среден оган, оставете да зоврие, па додадете го оризот и ставете на тивок оган. Со постојано мешање, варете го сутлијашот околу 40 – 50 минути, во зависност од видот на оризот што го имате.

Додавајте го остатокот од млекото малку по малку, и оставете го да се вари, но внимавајте да не загори, затоа е важно оганот да не е премногу силен.

Кога оризот е скоро готов, додадете го екстрактот од ванила.

Сутлијашот може да се послужи со малку цимет, со лажичка од вашето омилено слатко или џем, сушено грозје или додаток по ваш вкус.

Напиши коментар